Навивачката група Комити денеска се простува со една од своите икони, Марјан Мац Георгиев.
,,Денеска ненадејно не напушти една навивачка супер ѕвезда, човек кој ,,Западната” трибина го памети уште од основањето на групата.
Комити останаа без една навивачка икона, кој своевремено беше еден од оние кои ја основаа а потоа и предводеа групата, од времето на Сокол, заедно со него но и по него. Природен лидер, кој влеваше стравопочит кај оние кои само малку го познаваа. Оние кои го запознаа вистински, во него видоа голем другар, доследен на принципите, со Вардар во срцето до последниот ден од својот живот…
Градскиот асфалт го памети како еден силен човек, кој во својот животен век проживеа повеќе животи, култна личност кој остави трага која не може да биде избришана.
Карпош загуби една голема легенда, и човек со срце планина.
Ја победи смртта многу пати предходно, а замина онака како што живееше, онака како што судбината сакаше да биде…
Загина, но името твое нема да загине !
Загина но нема да сме мирни додека душата твоја не биде слободна !
Комитски небесен копу, примете го со највисоки почести МАЦ – ЦРНИ !
Последен поздрав со легендата во Вторник, 05.04 од 12:30ч. на Градските Гробишта во Бутел”, пишува во последниот поздрав на ,,Комитите” за Марјан Мац Георгиев.






