„Во 21 век една земја (с.Македонија) која се стреми кон интеграција во унијата со највозвишените демократски, социјални и човечки вредности (ЕУ), продолжува со етничкиот и верски апартхејд, заради цели на дневната политика, иставајќи го настрана колективниот општествен интерес.“ – вели Арбер Челику, професор по германистика на Филолошкиот факултет на државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Етничкиот и верскиот апартхејд во с. Македонија и Албанците поделени на резиденти и нерезиденти“, која ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.
Покрај другото, во својата колумна Челику пишува: „Овој апартхејд оди уште подалеку, делејќи ги Албанците на домашни жители-резиденти и нерезиденти. Ова е главниот лајтмотив апартхејдот да продолжи да и служи на политиката како платформа, како програма, како долгорочна цел за нејзиното мизерно опстојување, без никакви иновации и напредок. Целта е и меѓуалбанската сегрегација, разделеност да биде средство за ‘вжештување на крвта.“





