Убиен сопругот на потпретседателката на украинската влада

Во руското гранатирање загина сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.



Богдан Стефанишин беше убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидуваше да ги евакуира цивилите од Чернихив.

“Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од војната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанисина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија”, напиша Василенко на вчерашната објава на Твитер.