Македонија и Босна единствени на Балканот без „Геј парада“

Македонија и Босна и Херцеговина се единствените земји на Балканот кои што досега не организирале „Геј парада“.



Според инфографиката на проектот „Рефлектор“ со кој се илустрира анализата на „Global Voices“ во сите други држави на Балканскиот полуостров досега се одржале паради на гордоста но во овие две земји сеуште не се случил празник на ЛГБТ заедницата.

Дури и во Србија пишува авторот на текстот каде до пред 3 години имаше сериозно насилство за време на геј парадите, од 2015 година со посредство на првата геј премиерка Брнабиќ и со помош на политиката без проблем се организираат вакви настани.