Дури 68,9 отсто од Бугарите ја поддржуваат тезата дека Бугарија треба да ја задржи својата цврста позиција за пристапување на Македонија во ЕУ.
Спротивното мислење имаат една петтина од испитаницитепокажуваат податоците од најновото истражување на Gallup International Survey за темата Македонија.
На почетокот на 2022 година, Gallup International Balkan ги тестираше ставовите на јавноста кон условите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ. 60,8 отсто ја избрале опцијата да и се дозволи на Македонија, но само доколку договорот се имплементира.
За безусловен прием на Македонија на патот кон ЕУ на почетокот на оваа година беа 7,6%, а во 2020 година беше слично – 8%. Њуз.бг






