Историчарите од Бугарија пред денешниот состанок на Мешвитата комисија изјавија дека е постигнат напредок и прогрес во разговорите, а дека прашањето за Цар Самоил е„Завршена работа“.
Ѓорѓиев: Историската комисија го отвора прашањето за Гоце Делчев
За кои точно историски личности станува збор и каде е точно напредокот официјално ќе споделат денес по завршувањето на средбата.
Она што е сигурно и извесно е дека темата Цар Самоил е завршена, договорено е негово заедничко чествување, додека пак темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот, пренесе Сител.






