Менкиноски: Административно попишаните 7,2 осто ќе се користат за разнебитување на Македонија

„Редица чудни феномени и дилеми отворија резултатите од пописот во Македонија. Она што е особено симптоматично е административното објаснување за ‘административно попишаните’, што не е доволно за разбивање на сомнежите за последиците, кои што може да ги предизвика таа категорија на граѓани од 7,2 отсто, како новопојавен елемент во пописната статистика. Уште поголем збунувачки ‘феномен’, што произлезе од пописот, се бројките за резидентното и нерезидентното население, при што процентот на нерезидентно (само)попишани Албанци е двојно (или дури тројно) поголем од нерезидентните Македонци во дијаспората?!“ – вели Јасминка Павловска во својата анализа со наслов „Попишани, отпишани, новозапишани, допишани…“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Павловска пишува: „Од резултатите на пописот, што предизвикаа општествена конфузија, се оние ‘мистериозни’ 7,2 отсто ‘административно попишани’, за кои немало услови да се изјаснат за својата етничка и верска припадност. Тоа создава отворен простор за злоупотреба од страна на соседните пропаганди. Адвокатот Тони Менкиноски, застапник на македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, изразува сомнеж дека токму овие 7,2 отсто административно попишани можат да бидат користени како аргумент и алиби за политички инженеринг на ‘домашни и странски ‘елити’, кои сакаат да ги разнебитат македонскиот народ и македонската држава’.“

„Овие податоци ќе бидат употребени во наредниве десет години за редефинирање на она што остана од македонската држава и македонскиот народ. Но во правец на нивно уништување, или бришење. Бројот на Македонците во Пиринска Македонија се намалува при нивниот последен попис, а бројот на Бугарите во Македонија се зголемува или расте. Тоа значи дека некој сака да ги поистовети овие две појави и да изврши промени во Уставот, но не во Бугарија, туку во Македонија.’ – вели Менкиноски.

„Ана Дукоска, претставничка на македонската дијаспора од САД и на движењето „Ние сме Македонија“, постои сомнеж во релевантноста на пописот спроведен во дијаспората. Таа напиша на општествените мрежи: ‘Ниту една земја во светот не ги брои своите државјани, што живеат во други држави повеќе од 12 месеци. Според методологијата на ‘Еуростат’ и на Обединетите нации, попис се спроведува само на резидентно население. Пописот е политичка операција и лицитација со бројки за зголемување/унапредување колективни права на други етнички групи на сметка на уставотворната нација’ – напиша Ана Дукоска на општествените мрежи.“ – наведува Јасминка Павловска во својата анализа.



Интернет-врска до целата анализа:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/popishani-otpishani-novozapishani-dopishani/