Од СДСМ го клеветеле: Мицкоски доби судски спор

По тужба за клевета против СДСМ, за објава дека тој бил продолжена рака на Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го доби случајот, брифираат од партијата



Во тужбата се вели дека партијата СДСМ пред пошироката јавност го навредила Мицкоски на начин што го нарекле Мицкоски антизападен пион кој е продолжена рака на Груевски и дека истото според Член 6 од Закон за граѓанска одговорност претставува навреда.

Судот утврдил дека СДСМ изнеле невистинити факти и навреди кои се штетни за честа и угледот на Мицкоски.

Воедно судот утврдил исто така невистинити факти и навреди за угледот на Мицкоски се и тврдењата дека Мицкоски бил пион кој се збогатил благодарение на неговиот шеф и ментор, што претставува клевета, но и тврдењето дека Груевски му доделил на Мицкоски и неговата фирма „Енерготек 33.000 квадратни метри државно земјиште за изградба на хидроцентрали. Ова според судот е клевета.

Исто така судот утврдил дека СДСМ со цел да му наштетат на Мицкоски изнеле невистинити факти со објавата дека Мицкоски му бил должник на Груевски  и правел како што сакал Груевски. Според Судот и ова е клевета.