“Белата чума” ја зафати Македонија – граѓаните коментираат дека таа седи во Парламентот

Во изминатите две децении Македонија изгубила 270 илјади млади до 29 години, а има 140 илјади повеќе стари над 60 години. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека „белата чума“ седи во парламентот.



Резултатите од пописот покажуваат дека Македонија сега има 1,83 милиони жители, односно скоро 185 илјади луѓе помалку од претходниот попис од 2002 година. Тоа значи дека во изминатите две децении Македонија изгубила жители колку две Куманова.

Главна тема во изминатите 24 часа е пребројувањето по етничка и верска основа и проблемите коишто произлегоа од тоа што 132 илјади не се попишале, туку биле попишани административно, и тоа што дијаспората во голема мера остана пасивна при електронското попишување.

Целиот текст тука.