Д-р Ицо Најдовски Перин, историчар кој живее во Австралија вели дека пописот во Македонија е нелегитимен и невалиден а за причините зошто Македонците во дијаспората не се попишувале вели:
„Што се однесува до нас Македонците во Австралија слободно можам да кажам зошто не се попишаа.
Прво, на 4 март 2018 година, македонската заедница од Австралија донесе одлука дека нема да има соработка со антиуставно преименуваната татковина Македонија.
Второ, ниту една организација, медиум или активисти не беа контактирани за методологијата и начинот на попишување, а за возврат албанската дијаспора имаше министри за помош платени со народни пари да шетаат низ Европа и да воспоставуваат пунктови и масовно да внесуваат бројки без контрола и тоа се покажа завчера дека не е легитимно.
Ако ние во Австралија имаме одлука да не соработуваме со дивоградбата Северна Македонија, се поставува прашањето зошто Македонци немаше да им помагаат на иселениците во Европа, Канада и Америка? – вели Перин.






