Вучиќ излезе од фрижидер и влезе во студио (ВИДЕО)

Во стил на предизборното видео, сктуелниот српеки претседател Александар Вучиќ вчера излезе од фрижидер и влезе во студиото на ТВ Пинк.



Водителката Ирина Вукотиќ ја отворила вратата од фрижидерот од кој излегол Вучиќ, а потоа и дал тегла кисели краставички. Публиката со громогласен аплауз го поздрави Вучиќ, а тој не ја симна насмевката од лицето.

Идејата да излезе од фрижидер за ѓто беше снимен и предизборен спот произлезе од „оговарањата“ во јавноста дека претседателот кој бара уште еден мандат е толку присутен во медиумите што би можел да излезе од фрижидер, вообичаен израз на српски за некој присутен насекаде и цело време.