„Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен“ објаснува директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.



Во јавноста се крена врева поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“…

Според резултатите од Пописот 2021 во земјава има 847.390 православни, 242.579 христијани, 590.878 муслимани…

Соред Симоски, „попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност“, објаснува Симовски за „Плусинфо“.