„На пописот во 2002 година с.Македонија официјално броеше 25,17 отсто Албанци. Иако се знаеше дека бројките се лажни и оти Албанците се побројни, оваа бројка донесуваше оптимизам со оглед на пресметките за природниот прираст на Албанците и Македонците. Бевме договорени да ја следиме ‘политиката на пе’исот’ и, според овие пресметки, по околу 20-25 години, Албанците би биле повеќе од 43 проценти, додека Македонците околу 40 отсто. Македонија би станала албанска без никаков замор. Доволно ќе беше само да ја задржиме насоченоста кон потомството. Но, споменатата политика не даде ефект.“ – вели Гент Амзаи од Струга во својата колумна со наслов „Денес кога требаше да бидеме повеќе од 40%, испадна дека не има помалку и отколку во 2002 година“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Амзаи пишува: „Обидот Албанците да станат државотворен елемент не беше ориентиран ниту од војната, ниту од политиката, ниту од националната стратегија, туку едноставно од биолошката антропологија. Накратко, се договоривме да ја следиме ‘политиката на пе’исот“. Тоа ќе беше доволно. Во меѓувреме го одржавме на власт кланот на Али Ахмети две децении.“
„Им најдовме работа на пријателите и на членовите на семејствата во институции каде што дотогаш немавме пристап. Изградивме универзитети, кои отвораат работни места за кланот на Ахмети и кои произведуваат дебили и сервилни личности за власта на Груевски / Заев како Ахмети.“
„Еден ден од петте деца, што ни се родија, четири ја гледаа својата татковина како место каде што не може да се живее, а три веќе си заминаа, за да се грижат за себе и за нивните семејства, кои останаа во татковината.“
„Пе’ис политиката“ испадна без ефект. Денес, кога треба да бидеме повеќе од 40 отсто во с.Македонија, испадна дека сме жители во бројка помалку и од 2002 година. Тогаш бевме 25,17 проценти, а денес 24,3 отсто. Имаме толку мала политичка моќ, што не можевме да попишеме ниту половина од дијаспората.“
Home Македонија Амзаи: „Македонија не стана албанска, поради прирастот – имаме само универзитети,...





