Професорот Синани повикува на „покренување проект за попишување секој Албанец во Македонија“, на паралелен попис?

„Треба да се покрене проект за попишување секој Албанец. Пописот во с.Македонија го истакна неуспехот да се спроведе реална и објективна ваква статистичка операција. Уште од почетокот со игрите што се правеа се покажа дека процесот на попишувањето ќе биде продолжение на искажување на нереалната бројка на Албанци.“ – вели Арсим Синани од Македонија, доктор по политички науки и професор на Универзитетот во Приштина, во својата колумна со наслов „Да се покрене проект за попишување на секој Албанец“, која ја објави весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

Синани пишува: „Пописот со двата вида резултати покажува дека има за цел да ги задоволи апетитите на македонската страна, но и да ги задржи Албанците со правата од Охридскиот договор.“

„Владејачката албанска партија ДУИ и опашките околу неа продолжуваат да бидат во служба на македонската државна политика. Потребно е внимателно да се анализираат резултатите од пописот и да се покрене проект за попишување секој Албанец.“