Без никакови изненадувања, одново Роналдо, Меси и Нејмар се тројцата кандидати во завршницата за признанието „Фудбалер на годината“ според ФИФА. Португалецот е актуелен носител на почестите и најсериозен кандидат за нов избор. Кај голманите во најтесниот круг се Буфон, Нојер и Навас, а кај тренерите Конте, Зидан и Алегри.