Лани извршителите реализирале 63.069 присилни наплати и според овој податок 2021 е рекордна година.
Претходната, 2020-та година имаше 42.233 присилни наплати.
Вкупната наплата во 2021 година изнесувала 130 милиони евра и е втора година „по успешност“ за извршителите по 2017 кога наплатиле 166 милиони евра, објави Фактор.
Од поединците е наплатено за повеќе од 12 милиони евра во однос на една година претходно. Ако во 2020 извршувањето од физичките лица било 24,66 милиони евра, во 2021 тоа изнесувало 37 милиони.







