Екс-министерка за надворешни работи на Бугарија на Фејсбук реагира за резултатите од пописот според кои во Македонија има 3.504 Бугари.
„Податоците според кои во РС Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став“, напиша Екатерина Заариева на Фејсбу.
„Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани на Македонија добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари“ – напиша таа во својата објава.






