Трифонов ги прогласи бугарите во Македонија за плашливи

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов преку објава на својот Фејсбук профил ги критикуваше резултатите од пописот на населението во Македонија а Бугарите во земјава ги прогласи за плашливи.



„Штотуку излезе информација од Државниот завод за статистика на Македонија за пописот во државата. Според оваа служба, резултатите се следни: 54,25% од сите попишани лица се изјасниле како Македонци, 29,52% како Албанци, 3,98% како Турци, 1,18% како Срби, 0,87% како Бошњаци, 0, 34% – Власи. објави Трифонов.

„При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот устав. При пописот во Македонија Бугари се изјасниле само 3.504 граѓани, т.е. Бугари речиси и да нема“, објасни Трифонов.

„Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на северна Македонија. А според законите во Бугарија, државјанин на Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“.

„Зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Македонија, се плаши да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја“, смета лидерот на „Има таков народ“.

Зборувам само по логика – ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што мое мислење е дека додека тоа не се случи, Македонија ќе биде само дел од Западен Балкан“, порача Слави Трифонов преку својот Фејсбук профил.