Ахмети задоволен од бројките на Албанците на пописот

Лидерот ДУИ, Али Ахмети, изрази задоволство по објавувањето на податоците од пописот.



Тој на Фејсбук им честиташе на институциите за реализираната статистичка операција и посебно се задржа на застапеноста на албанската етничка заедница во неколку категории опфатени со пописот.

„Денеска Северна Македонија, по 20 години, има појасен увид во врска со целокупното население и процентот на заедници во државата. Албанците се 29,5 проценти во општата популација и 24,3 отсто во резидентно население,“ вели Ахмети.

Посебно истакна дека во градот Скопје бројот на Албанците пораснал на 22,8 отсто споредено со 20,04 отсто во 2002 година.

!Им честитам на сите институции кои беа вклучени и помогнаа пописот, кој како процес почна во март минатата година, со регистрација на дијаспората, да заврши со успех“, напиша Ахмети.