Ристовски: „Верувајте во Македонија – ние сме шампиони на срцата, а македонското сонце го огреа светскиот фудбал!“

„Капитенот Стефан Ристовски со симболична порака за два милиони срца на општествената мрежа инстаграм ѝ се заблагодари на македонската нација за поддршката, што на фудбалската репрезентација на Македонија и беше дадена во баражот за Светското првенство во Катар.“ – објави весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска статија со наслов „Ристовски: Македонското сонце го огреа светскиот фудбал“.

„Нова Македонија“ пренесува: „Ристовски објави на инстаграм: Два милиони ❤ за Македонија!“
„Драги наши навивачи: Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите, кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво. Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме. Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување. Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од сѐ.
Нестрпливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија.
Напред Македонија!“

„Македонија ја совлада Италија со 1-0 во полуфиналето во Палермо, но не успеа да избори историско учество на Мундијалот по синоќешниот пораз од Португалија од 0-2 во Порто.“