Недостигот на зејтин го ифрла помфритот од менито

Угостители во Германија го отстрануваат помфритот од менито поради недостиг на масло и високите цени.



Бидејќи Украина е значаен производител на сончогледово масло и масло од репка и земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфрит.

Фреди Базел од Дармштат, го избриша помфритот од менито. Тој за дневниот весник „Билд“ изјави дека има проблеми со маслото за пржење, а сончогледовото масло станало многу скапо.

Тој во јануари платил 90 евроценти за литар масло од репка, а денес тоа чини и до четири евра за литар.

Тоа, вели тој, е прескапо и неминовно би било драстично да се зголеми цената на помфритот.

Цените на маслото за јадење во германските супермаркети скокнаа за 29 отсто.