Егзодус: Над десет отсто од граѓаните на Косово сакаат да се иселат

Во последните четири месеци до германската амбасада во Приштина се поднесени речиси 200.000 барања за виза, што е 20 пати повеќе од досегашната практика според која германската амбасада издава нешто повеќе од 5.000 дозволи годишно.



Или, 11 % од граѓаните на Косово поднеле барање за германска виза од почетокот на декември минатата година.

„Од почетокот на декември до крајот на март во амбасадата на оваа земја во Приштина пристигнале 199.783 барања за виза. “, пишуваат косовските медиуми.

Бројот на барања за виза во амбасадите на другите западни земји во Приштина е неспоредливо помал: Швајцарската амбасада, од ноември минатата до јануари годинава, примила вкупно 8.737 барања за виза, а хрватската амбасада во периодот од ноември до март примила 1.944 барања.

Во Приштина посочуваат дека интензитетот на поднесување барања за виза до германската амбасада е постојано висок и дека тоа би значело, доколку продолжи трендот, дека за само една година третина од населението сака да го напушти Косово.