Денеска ќе ги бидат објавени податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој беше спроведен од 5-ти до 30-ти септември минатата година.
Податоците ќе бидат објавени во салата на македонската Филхармонија, пред претставници на државни институции, на Евростат, на дипломатскиот кор, на заводите за статистика од земјите од регионот, Грција, Словенија, Хрватска, Чешка и други, откако претходно ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонеле за успешното спроведување на статистичката операција.
Симовски: Ќе бидам државен непријател бр.1 по објавувањето на резултатите
Пописот уште пред неговиот почеток беше предмет на бројни критики – дали е статистичка или политичка операција, дали е според стандардите на Евростат, дали утврдената методологија тоа го гарантира?
„Сѐ е по стандардите. Следени се сите елементи кои се дадени во методологијата за пописот, а таа е целосно усогласена со сите меѓународни стандарди. Нашата цел беше да направиме професионална статистичка операција и направивме“, изјави минатата недела директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.






