Рубљата се опоравува, вредноста расте

Руската валута рубљата продолжува да расте во однос на доларот.



Податоците на Московската берза, покажуваат дека паритетот долар/рубља се намалил за 6,65 отсто на 83,7, а паритетот евро/рубља се намалил за 4 отсто на 92,8.

Откако Русија ја почна војната во Украина, имаше период кога 115 рубљи се тргуваа за еден долар, а 120 рубљи се тргуваа за едно евро. Намалувањето на вредноста на рубљата ги загрижи и руските граѓани.

На 23 март, рускиот претседател Владимир Путин го објави својот план да се префрли на руски рубљи за плаќања за продажба на природен гас.