Во изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.
Министерството за здравство информира дека во истиот период биле направени 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19:
Од нив во Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 48 реинфекции.
Регистрирани сe 355 оздравени пациенти…






