Владата ја пригфати препораката на Комисијата за заразни болести и учениците од прво до деветто од утре ќе одат без маски во училиште.



Оваа одлука не важи за наставниците и другиот училишен персонал. Тие и понатаму ќе мора да носат заштитна маска во затворените простории на училиштето. Обврската да носат маски, останува и за средношколците и за студентите кои со физичко присуство посетуваат настава.