Политико: Откри ли Бајден дека САД обучуваат украински сили во Полска!?

Се чини дека претседателот Џо Бајден откри дека САД ги обучуваат украинските сили во Полска – за прв пат од почетокот на војната изјави дека американските трупи активно ги учат Украинците да се борат и да убиваат Руси, објави Политико



Соединетите Држави обезбедуваат милијарди долари во оружје и друга помош за Украина, а голем дел од таа помош оди преку Полска.

Досега, администрацијата на Бајден инсистираше на тоа дека тоа е максимумот што САД го прават.

На 22 март, советникот за национална безбедност Џејк Саливан негираше дека Американците „моментално обучуваат“ Украинци. „Се разбира, имаме американски војници кои ја бранат територијата на НАТО“, продолжи тој.

Тоа не е она што Бајден го рече во понеделникот, пишува „Политико“. По коментираше новото буџетско барање на Белата куќа, Бајден одговори на новинарско прашање за коментарите што ги дал при средбата со 82та Воздуходесантна формација во Полска, во кои тој имплицираше дека американските сили ќе одат во Украина.

Бајден негираше дека тоа е она што мисли, додавајќи: „Зборуваме за помош во обуката на украинските војници кои се во Полска“.

На повторено прашање, Бајден рече: „Мислев на тоа да бидам и да разговарам со украинските војници кои се во Полска“.

Можно е Бајден да сакал да каже „Американски“ кога рекол „украински“ војници… пишува Политико.