Македонскиот капитен за португалскиот другар: Денеска пријателството настрана, играме за нашите земји

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски објави што мисли за денешниот бараж меч против Португалија за пласман на СП во Катар.



Тој го коментира неговото пријателство со Бруно Фернандеш со кого играше заедно во Спортинг од Лисабон.

„Му го кажав целото мое знаење за Португалија на нашиот селектор. Моето пријателство со Бруно Фернандеш ќе остане и после ова. Но денеска пријателството ќе биде ставено на страна, ние играме за нашите земји“.

Според expres.mk Ристовски беше најдобар поединец на мечот со Италија.