„Пратеничката на ДУИ Арта Билали во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21 рече дека за нив е важно Албанците да бидат втора заедница по објавувањето на резултатите од пописот. Според неа, не е важно колкави се бројките и оти тие бројки се толкави колкави што се.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ ги цитира зборовите на Арта Билали кажани во оваа емисија: „Многу е важно Албанците да бидат втора заедница во с. Македонија. Ние сме толку колку што сме. Овој закон за попис на населението беше закон, кој ретко се случува да биде прифатен. Но, ние успеавме да биде прифатлив за релевантните институции.“
„Врз основа на податоците што кружат низ порталите и кои ги видов во медиумите, убедена сум дека сме повеќе од 25 проценти, според овој последен попис. Важно е што по две децении се изврши попис.“





