Во твит објавен на Твитер профилот на ФИФА, светската фудбалска асоцијација пред утрешниот бараж во Порто прашува дали во Катар ќе патува Португалија или Македонија.

Иако според одговорите дадени на твитот Португалија е голем фаворит Македонците не се единствени кои се оптимисти дека нашата репрезентација ќе оди за Катар.
Во твитот можете и вие да кажете што мислите за прашањето на ФИФА.
🇵🇹 🆚 🇲🇰
Simple question: Who’s going to Qatar?#WCQ | #WorldCup pic.twitter.com/q0W3jO2eEn
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) March 28, 2022






