Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Македонија, изјави попладнево официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Захарова вели дека овој изразито непријателски чекор е продолжување на курсот што го презедоа властите во Македонија пред неколку недели, а кој според Москва кој има за цел брзо прекинување на дипломатските односи со Русија.
„Приклучувајќи се кон русофобната хистерија иницирана од Западот, Скопје уште еднаш ја потврди подготвеноста без размислување да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се спротивни на расположението на општеството и спротивни на основните национални интереси“, се вели во соопштението на портпаролката на руското МНР.
„Ќе мораме да преземеме одмазднички мерки“, изјави Захарова за најновите тензии во односите со Скопје.
Предходно македонските власти објавија дека протеруваат 5 руски дипломати од Скопје.
Русија не е во можност да избрка пет македонски дипломати од Москва затоа што таму сега има само еден дипломат.
Ако биде тој протеран Македонија ќе остане без дипломатски претставници во Русија.






