Германскиот канцелар ја повика Европската унија брзо да ги заврши пристапните преговори со земјите од Западен Балкан и да ги прими како членки, објави Индипендент.



Денеска Олаф Шолц, рече дека с. Македонија и Албанија треба да имаат право да се приклучат.

„Секое дополнително одложување го прави Западен Балкан поранлив на влијание од трета страна“, рече Шолц на заедничката прес-конференција по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„И на Германија и на Шведска им е јасно дека ЕУ треба да продолжи со институционалните реформи за да може да се прошири, пишува весникот.

Апелот на Шолц доаѓа кога проширувањето на ЕУ се интензивира на агендата благодарение на руската инвазија на Украина, земја која исто така сака да се приклучи на блокот.