Според извештајот на Високиот Комесаријат за Бегалци при ОН за периодот од 9 до 15 октомври во северниот сосед се регистрирани 4,275 бегалци, баратели на азил и мигранти.
Од нив 3.855 се сместени во 18 центри на владата а речиси 85 % од децата на возраст од 7 до 14 години одат на училиште. Педесетина деца без родителска придружба минатата недела се сместени во кампови.
Во текот на неделата од 9 до 15 октомври во Србија пристигнале 244 нови баратели на азил од кои 40 % се деца и жени а 60 насто се мажи. Најголем дел од нив се од Ирак и Авганистан.
Во Србија пристигнале од Бугарија (59 %) и од Македонија (35 %) како и мал дел од Косово и Романија.




