Чкатроски: Украина – Русија, опасни времиња за Македонија

Во овие 30 години па до денес бевме многу осетливи и напаѓани од внатре.



Приказните партиски и параполициско-удбашки дека некои или некакви не напаѓаат од надвор беа пласирани кај обичниот и не особено информиран народ.

Ако не нападнеле такви од списокот на ова удбашко подземје, од нас немаше да остани ништо.

Уште се смееме на она дека НАТО не напаѓал од Косово, а братот Љубе не бранел.

Вистината е дека за Македонија и НАТО најголем генератор на проблеми беше токму Љубе и тоа во доста осетливи моменти.

И заврши на крај како советник на Зоран Заев. Се разбира дека силно се смеевме како Љубе ќе го советува и Зоран Заев.
Добро е што Заев нареди едно 50-60 советници за безсмислени работи и за Љубе немаше време.

Ако имаше време, пак ќе имаше и такви кои доста би се налутиле. Ајде и ова помина некако.

Овие епизоди доколку ги поврзете со денешните партиските кадровски решенија на СДСМ, Вмро-Дпмне и ДУИ ќе добиете една многу силна нефункционална држава.

Впрочем на ваква силна и нефункционална држава можат да ни позавидат и тоа дури до Русија.

Нека простат политичкиве елити претставувани од примиерот, па претседателот, па шефот на најсилната опозиција, во овој момент ние сме со проблеми од надвор.

Проблемите ги решаваме со молк, страв, шепотење и правење на работи кои треба да ни помогнат да ги заборавиме суштинските проблеми во ова невреме.

И тоа големи проблеми во економијата, производството, посебно производството на храна и енергенски.

Финансии

Единствена можност да ублажиме финансиската политика е на долгорочна основа е да нашиот министер за финансии Фатмир под хитно се “направи луд” и да си праша каде што треба да од одма и веднаш како и Црна Гора и Косово го донесеме еврото за национална валута.

Ќе фрлаат дрва и камења некакви 2-3 недели и ќе и помине, како и обично.

Храна

Втората работа е да државата влезе во своевидна законска ”мобилизација” со прект “Аларм или Ахтунг” да биде дадена целата необработена земја на заинтересирани за едногодишни култури.

Овој систем е демократски ем нема никакво судско рочиште да биде добиено доколку необработената ,а ситно испарцелизирана земја , ама ситно,биде и таа мобилизирана за една година и за едногодишни култури.
Ма била приватна, а не била обработувана и нема никаков договор од одма да се мобилизира. Па нека тужат. Ова се решава со 1 одлука на влада.

Со ова од денес за некаде 15 месеци ќе го решиме пченицата и сончогледот и други придружни култури.

Овде владата не треба воопшто и да калкулира. Ова се прави за 1 или 2 дена.
Друго е дали владата и Битиќи ќе смогнат сили да договорат увоз со брод на поголеми количини ѓубриво и семенски материјали.

Доколку не се купи голема количина ѓубривата би растеле со цените , набавувани во мали количини од сега веќе профитерите /трговци со овие потребни материјали.

И ова , владата би го решила за 2-3 недели.
Сега јас незнам по ова што мисли Вице Заев но знам дека друг избор и немаме.

Енергија

Толку е лесна за решавање што би требало од одма да се упатиме во Солун и Атина и да видиме до каде е гасот до кај нас и да се работи 24/7.

Ова би го завршиле за месеци, но не сум сигурен за испреплетканоста на интересите и приватни лобисти во владата.

Тие си знаат зошто овие месеци ова се кочи и не се изведува.

За тие прашања само во владата.

Таму има заинтересирани укотвени/вградени страни со големи цифри сметки и математики.

Безбедност

Третиот/четврт сегмент е безбедноста на оваа земја.

Тука не ќе е многу за објаснување туку е сето дезорганизирано, затечено, неподготвено, поделено.

Секој ден гледаме административци на буџет кои се пењават и навиваат те за една те за друга страна а ние не сме членка на НАТО.

Во ЕУ можете да бидете членка. НАТО е НАТО.
Тоа е друга организација надвор од рамките на тоа што административците кои земаат буџет не ја разбираат.

Тие, Македонија е НАТО. Ако се против НАТО можат лесно да им се покажи вратата. Нарочно на структури поврзани со безбеноста на оваа земја.

Убаво се настроени и некои медиуми. Но изгледа треба некој да им објасни дека ситуацијата на оваа земја не е иста од пред 2 години каде можеа да завземаат и страни.

Вака излегува дека низа медиуми земаат пари од буџет на земја која е НАТО а медиумите кои ги кофинансира се против НАТО.

Значи нашата влада директно или индиректно си ги финансира. Многу несериозно за владата.

Дури е уште потешка ситуацијата во едно МРТВ кое директно е под капа на буџетот.

Ние имаме тешки и големи проблеми.

Читајќи ги коментарите под секоја вест за Европа, САД и НАТО се прашам како е можно проксисерверите и медиумите на Србија платени и задолжени за пропаганда да имаат ваква неверојатна импликација врз нашите граѓани.

Тука не исклучувам и политичарите дека се силно збунети.

Драги мои да прашам на крајот основното – Дали не мислите дека ние сме во некаква виртуелна, хибридна војна наметната за проблеми што оваа земја и ги нема.

На пример овде се наметнуваат проблеми со Косово кое ние го имаме признаено па до унитарност на држави кои ние во УН сме ги поддржувалеа и тие нас за нашата унитарност и целокупност.

Вакви збунети неорганизирани институции, вакви неработници, ваква бирократија со тотално изгубени капацитети, ем мрзиливи, извинете ни 30 години немало.

Ние сме во сложена ситуација.

Од оваа ситуација партиите нема да не извадат.

И да пробаат да не вадат ќе пропаднат на следни избори и тоа до една.

Во вакви ситуации се игра и се игра со ѓон и дрско. Оти отидовме и тоа не само партиските лидери туки и ние народот.

Даме Чкатроски е уредник во World security network.