Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека ниедна законска ни етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалскиот натпревар Италија-Македонија, а за реаккцијата на Антикорупциска вели дека „почна да тривијализира прашувајќи министер од каде му се парите за билет за фудбалски натпревар во Италија.



-Две компоненти се важни – дали јас службено сум патувал за Палермо и кој ги платил трошоците. За првото одговорот е не, а трошоците се платени од мојата лична трансакциска сметка, вели министерот за правда проф. Никола Тупанчески за Утрински брифинг.

„Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден“, вели Тупанчески.

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи, министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, се најдоа на тапет во јавноста откако се шпекулираше дека на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија. Тројцата ги демантираа гласините, велејќи дека сами ги покриле трошоците за да седат во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“.