Јусуфи: „Односите меѓу Македонците и Албанците ќе бидат уште ‘пожешки’ – можеби навистина ‘Украина не е далеку“

„Хулиганите прават и оние малку мостови во меѓуетничките односи, меѓу Македонците и Албанците, да бидат непостојни. Тие односи ќе бидат уште ‘пожешки’ во следните денови. Можеби се во право сите оние што велат дека ‘Украина не е далеку“ – вели новинарот Мемедали Јусуфи во својата колумна со наслов „Земја на парадокси – ‘Гранде Пандев’ со порака за Османи…“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Легендарниот капитен на репрезентацијата на Македонија „Гранде Пандев’ со силна порака против министерот за надворешни работи на с.Македонија Османи ‘да не го пика носот таму кај што не му е местото’. “

„Три дена пред да се објават резултатите од пописот започнаа судирите меѓу политичките партии. Македонските навивачи упатија силна порака ‘само мртов Албанец е добар Албанец“. Неизбежен услов да се сакаш себеси е да го сакаш и другиот. Но, ова не важи во с.Македонија.“

„Ако може да се замисли дека нашиот заеднички пат, албанско-македонски пат, е дури и до пеколот, можеме добро да замислиме и дека патувањето од овој вид може да донесе само беспокој и несигурност. Реално, мостовите се најважни, а едновремено и најтешки да се изградат во односите меѓу луѓето и народите. Во тие односи и оние малку мостови, што беа изградени низ годините, хулиганите ги прават да не постојат.“

„Деновите што следат се очекува да бидат уште ‘пожешки’ во меѓуетничките односи. Можеби се во право сите оние што велат дека ‘Украина не е далеку“ – заклучува Мемедали Јусуфи во својата колумна.