Скандал се случи на синоќешното доделување на „Оскар“ кога актерот ВИл Смит му удри шлаканица на водителото на „поуто“, колегата Крис Рок…
За Вил Смит беше навреда кога комичарот Крис Рок почна да зборува за Џејда Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит.
Тој рече дека Џејд, која носи многу кратка фризура бидејќи има алопеција, личи на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“.
„Џејдa, едвај го чекам вториот дел од тој филм“, рече Крис, а актерката ги преврте очите.
Вил реагираше на ова се каќи на сцена и му удри шлаканица на сцената.
Кавгата продолжи и со пцовки од страна на Вил Смит, на што публиката остана шокирана, мислејќи отпрвин дека се работи за шега, но кога Вил Смит почна гласно да го пцуе Крис Рок, на сите им стана јасно дека малку недостасувало да дојде и до физичка пресметка на сцената.
Снимката брзо стана вирална, зошто никој не очекуваше ваков испад на актерот и немаа време да реагираат на пцовките кои за првпат се слушнаа на Оскарите без цензура.






