„Во овој селски регион некогаш имало околу 1650 жители, а денес останале само 300. Речиси сите жители на мавровското село Велебрдо мигрирале во западните земји. Слична е состојбата во речиси сите села: испразнети се, поради потрагата по подобар живот.“ – објави ТВ Алсат во својата видео-репортажа со наслов „Мавровските села се празнат, Ростуша остана без млади луѓе“.
На својот интернет-портал ТВ Алсат ги пренесува искажувањата на селаните од Велебрдо: „Осумдесет проценти си заминаа, тука останаа само пензионерите. Семејствата на сите ни се на Запад, главно во Германија. Овде се зборува германски повеќе.’; – ‘Ние сме сите тројца. Излеговме од дома и не видовме никого на улица.’; – ‘Во последниве две години во ова село нема ученик да се запише во прво одделение. Од прво до осмо одделение има само 13 ученици. Останаа само пензионери, но и тие се подготвуваат да ја напуштат оваа земја.“
„Истите проблеми и грижи ги има и селото Ростуша каде што се наоѓа администрацијата на општина Маврово. Млади речиси и да нема, додека малкуте постари луѓе, кои останаа, не можејќи да се справат со осаменоста, се подготвуваат и тие да мигрираат кај своите деца.“
Жителите на ова село велат: „Не само младите, туку и постарите бегаат во голем број.’; – ‘Оостанав сам дома. Имам два сина и внука. Со нив замина и сопругата. Сакал – нејќел и јас ќе си одам. Ги подготвувам документите, ќе одам. Што ќе правам сам? Секој ден ситуацијата се менува. Се вратив пред една недела од Италија, гледам млади луѓе, петмина-шестмина, тие се уште не заминале.’; – ‘Имам деца, сите се надвор. Овде немаме деца. Останаа само старите, по двајца во куќа. Секој од нив што има можност, заминуваат, барем по два-три месеца, и тие да искористат малку.“
„Централното основно училиште Ростуша, во кое има ученици од пет села, има 90 отсто помалку ученици, вели неговиот директор. Две села втора година немаат запишано дете во прво одделение. ‘Имаше околу 1500 ученици пред неколку децении, а денес имаме 181 ученик од пет села. Бројот е намален за 90 проценти и има навестувања дека и оваа бројка ќе се намалува. Од сите села наоколу пет години ќе работи само нашето училиште, со вкупно 50-60 ученици, што значи отпуштање на дури половина од персоналот.’ – рече Адем Сулемановски, директор на основното училиште ‘Хајан Селмани’ од Ростуше.“
„Истата судбина ја имаат и селските училишта околу Ростуша, додека на новите куќи во селата се почесто им се затвораат вратите, бидејќи нивните жители го фаќаат патот за миграција.“ – пишува ТВ Алсат.





