Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ објави дека тројца од фудбалската репрезентација што во четвртокот загуби со 1:0 од Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар повеќе нема да го носат дресот на „аѕурите“.
Разочарани од шокантниот пораз од 67. селекција на листата на ФИФА, европскиот првак го напуштаат соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Лоренцо Инсиње, потоа стрелецот на двата гола за пресврт и победа на Италијанците од 3:2 во Скопје, Чиро Имобиле, како и играчот за врска на Челзи, Жоржињо.
Тројцата, заедно со Марко Верати, Џанлука Манчини и Доменико Берарди добија дозвола од селекторот Роберто Манчини да го напуштат тренинг-кампот во Коверчано и нема да настапат во бесмислениот натпревар со Турција во вторник.






