Вечерва во Лос Анџелес ќе се одржи 94-тото доделување на наградите Оскар, награда од Американската академија за филмски уметности и науки, а преносот по средноевропско време ќе почне во 2 часот по полноќ.
Темниот психолошки вестерн на Џејн Кемпион, „The Power of the Dog” доби најмногу, дури 12 номинации во неколку категории за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер и најдобра машка и женска споредна улога.
По „Моќта на кучето“, најмногу номинации имаше „Dune“ на Денис Вилнев, вкупно 10.
По седум номинации добија познатиот „Белфаст“ на славниот Кенет Брана и римејкот на мјузиклот „West Side Story“ исто така на славниот Стивен Спилберг. Брана и Спилберг беа номинирани во категоријата најдобар режисер.
Церемонијата, која ќе се одржи во театарот Долби, ќе ја водат трите актерки Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс.
Засега се уште има неофицијални пoтврди за можноста за видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој од почетокот на руската инвазија се обраќа пред парламентите на различни земји и на меѓународни состаноци, барајќи поддршка и помош.





