„Не биди ѓубре“ во нова акција поддржана од јавните претпријатија

Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ денеска повторно ги засука ракавите и излезе на терен да исчисти она што е обврска на државата – дивите депонии и раскошното ѓубре.



Од „Не биди ѓубре “ велат дека ќе продолжат со своите акции за почиста здрава животна средина но повторија дека институциите кои се најнадлежни треба да покажат поголема ангажираност за да испратат силна порака до граѓаните, а со тоа и да бидат репер дека декларативните заложби за животната средина се реални во пракса, а не само на хартија.

На терен им се приклучија и од ЈП Комунална хигиена кои пак наместо со своја опрема ја користеа опремата на „граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре. На денешното чистење се приклучи и и јавното претпријатие „Лајка“.