Москва бесна по изјавата на Бајден дека Путин не може да остане на власт

Вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека Путин не може да остане на власт, предизвика гнев кај политичарите во Москва и беше протолкуван како драматичен пресврт во надворешната политика на САД.



Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин ги нарече „недипломатски изјави“ и „хистерија“.

„Бајден е слаб, болен и несреќен“, коментира Володин на Телеграма. „Американските граѓани треба да се срамат од својот претседател. Можеби е болен. Би било добро да се подложи на лекарски преглед“ рече Володин.