Шангај постави нов дневен „рекорд“ за асимптоматски случаи на СОВИД-19, пренесе Ројтерс. Економската престолнина на Кина приијави 2.631 нови асимптоматски случаи на 26 март, што претставува речиси 60% од вкупниот број нови асимптоматски случаи во Кина тој ден.
Додека бројот на случаи во Шангај останува скромен според светските стандарди, градот со 26 милиони жители стана полигон за тестирање на стратегијата на Кина за „нулта толеранција за СОВИД-19“ додека се обидува да ја контролира многу заразната верзија на Омикрон.
Шангај се спротивстави на целосна изолација за да избегне дестабилизација на нејзината економија.
Наместо тоа, градот се одлучи за поспецијализиран пристап кој вклучува скрининг на населбите еденапо еден.






