Македонија му донесе 110 илјади евра на обложувач од – Италија!

Наспроти тагата на 60-тина милиони Италијанци по поразот на нивната фудбалска репрезентација од 1:0 против Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар, еден нивни сограѓанин го славеше Александар Трајковски.



Од четвртокот навечер тој е побогат за 110 илјади евра благодарејќи на својот облог во полза на избраниците на селекторот Благоја Милевски, пишува весникот „Ла Национе“!

Анонимниот среќник во обложувалница во предградието на Специја уплатил 1.500 евра на ливче на кое типувал за победа на Македонија, за која коефициентот бил 20, плус го погодил точниот резултат!

За Специја во сезоната 2002/2003 настапуваа поранешните македонски репрезентативци Горан Пандев и Ацо Стојков.