Триумфот на Македонија од 1:0 против европскиот шампион Италија во Палермо во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар е вториот најсензационален резултат во евроквалификациите за фудбалските мундијали.



Веројатноста „црвено-жолтите“ да слават над четирикратниот светски првак порталот „Грејсноут“ ја проценил на 7,4 проценти.

Фудбалската репрезентација на Македонија го има и третото најголемо изненадување, исто така во тековниве квалификации за СП, кога среде Аугзбург „тресна“ уште еден четирикратен светски шампион, Германија, со 2:1, а шансите за тоа, според „Грејсноут“ биле 7,1 отсто.

Најголемата сензација во европските квалификации за планетарните фудбалски собири, според порталот, е победата на Луксембург од 2:1 во Швајцарија на гости во 2008 година, кога имала само 2,8 проценти шанси за такво нешто.