Јапонскиот премиер: Се’ поверојатно е Русија да употреби нуклеарно оружје !

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје се зголемува.



Тој го изјави ова за време на посетата на американскиот амбасадор на Хирошима, првиот град во историјата кој употребил атомска бомба.

Јапонија, единствената земја што некогаш била нападната со нуклеарно оружје, редовно се противи на употребата на такво оружје.

„Во време кога расте веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје, верувам дека посетата на амбасадорот Емануел на Хирошима и она што тој го виде, реалноста на нуклеарната војна, ќе испратат силна порака до меѓународната заедница“, рече Кишида.

Тој додаде дека „руската инвазија на Украина покажува тешкотии во создавањето свет без нуклеарно оружје“.

Во говорот во кој ја најави инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека „секој што сака да ја спречи Русија, ќе се соочи со последици досега невидени во историјата“ – изјава која многу светски лидери ја протолкуваа како закана за нуклеарното оружје.