Во периодот од 11:00 до 13:00 часот, на патниот правец Прилеп – Градско, на излезот на Прилеп кон Скопје, ќе има прекин на сообраќај.
Прекиот на сообраќајот е поради најава за организиран собир (штрајк).
-Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.







