Бугарската фудбалска јавност со внимание го проследи делириумот во соседна Македонија по триумфот над Италија во полуфиналето од мундијалскиот бараж, потсетувајќи се на својата по победата над Франција 1993 и за време на Светското првенство 1994 во САД.
„Атмосферата беше еуфорична и многу потсетуваше на тоа што се случуваше во Бугарија по победата над Франција во 1993 година и на лудото американско лето една година подоцна. За жал, за нас тоа се само спомени, а кај соседите е реалност! А сите во Северна Македонија не престануваат да мечтаат за Катар“, се вели во прилогот на телевизијата „Бугарија он ер“.
На 17 ноември 1993 година Бугарија ја совлада Франција со 2:1 на „Паркот на принцовите“ во Париз со пресврт и со вториот гол на Емил Костадинов во петтата минута од судиското продолжение, изборувајќи пласман на СП и истовремено спречувајќи ги „триколорите“ во тоа. На мундијалот наредната година генерацијата на Стоичков, Сираков, Пенев, Костадинов, Лечков, Балаков, стигна до полуфиналето со сензационалната победа над Германија од 2:1.






