Од аеродром на плоштад – голема прослава на победата против Италија

По синоќешниот успех на нашите фудбалери, пристигнувањето на фудбалската репрезентација од Италија се очекува во околу 17 часот и 30 минути на аеродромот во Скопје.



Славјето ќе продолжи на плоштадот, а истото се очекува да започне во 18 часот и 30 минути.

Нашите херои кои синоќа приредија огромно изненадување во Палермо со поразот кој ѝ го приредија на Италија, денеска пристигнуваат на аеродромот во Скопје од каде ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ и заедно со граѓаните ќе ја прослават големата победа.

За потсетување, македонската фудбалска репрезентација синоќа со победничкиот гол на Александар Трајковски во 92-та минута успеа да ја победи Италија, а со оваа победа се пласираше во бараж-финалето.

Одлучувачкиот натпревар фудбалерите ќе го одиграат против фудбалската репрезентација на Португалија, на гостински терен на 29 март.