„Победата на репрезентацијата на с.Македонија против Италија беше ‘погодна причина“ да се скандира и да се извикува ‘Смрт на Албанците’ на централниот плоштад во Скопје.“ – реагира граѓанскиот активист и политички аналитичар Бесим Небиу на својот фејсбук-профил.“ – пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА.
Небиу во својата објава на фејсбук дополнува: „Бидејќи нема кривична пријава, ниту е некој приведен од полицијата поради повици на насилство и поради ширење омраза кон Албанците – значи ли ова дека Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, не реагирајќи, ги поддржуваат ваквите постапки?“





